Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уапсен струмичанец кој вршел измами за лажни сообраќајки и операции, му нашле над 15.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9vdd0vlq5cqs3wLxE2Y

На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на пријавителките и претставувајќи се како медицинско лице успеало да измами две жителки на Струмица да дадат пари, кои наводно биле за операции на нивна ќерка или снаа, О.В. одел на локациите кои телефонски му ги кажувало лицето и ги преземал парите од жртвите.

— реклама —

При лишувањето од слобода, кај О.В. се пронајдени 15.150 евра и 50 франци, кои ги стекнал при вршење на кривичните дела. Тој е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал начинот на кој ги вршел делата. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

— реклама —

СВР Струмица уште еднаш апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни во комуникација со непознати лица, која се врши по телефонски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат податоците кои им се пласираат во телефонската комуникација, да не даваат пари на непознати лица и сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 47 минути

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 16 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 17 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања