Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Уапсени 13 лица во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library7kala6s7poqa80pAKOC
Скопје1.мк

Во координирана акција спроведена на 11 и 12 октомври 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град лишија од слобода 13 лица поради поседување и трговија со наркотични средства, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Приведените се Б.И. (49), Ѓ.П. (30), Љ.Ш. (40), А.Х. (34), Е.Н. (40), С.Х. (23), М.К.П. (38), Н.М. (32), Г.П. (35), Џ.И. (30) – сите од Скопје, П.М. (24) од село Брњарци – скопско и К.С. (23) од Охрид со престој во Скопје.

— реклама —

При претресите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дробилка, потврдуваат од полицијата.

— реклама —

Од МВР информираат дека се работи за повеќе одделни случаи, но дека акцијата е дел од континуирана операција за спречување на нелегална трговија со дрога во скопскиот регион.

„По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 1 час

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 17 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 18 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања