Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Украина сака да биде домаќин на Евровизија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
174324-0485491

Украина која победи на Евровизија ја осуди во петокот одлуката на Европската радиодифузна унија ЕБУ, да ѝ се одземе улогата на домаќин следната година. Од ЕБУ во петокот ја донесоа оваа одлука поради недоволната безбедност во земјата и руската инвазија.

„Украина не се согласува со природата на оваа одлука која ја донесе Европската радиодифузна унија (ЕБУ)“, рече во соопштението украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко.

— реклама —

„Бараме дополнителни преговори за улогата на домаќин на Евровизија 2023 година во Украина“, додаде тој.

ЕБУ во петокот објави дека Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина поради војната, додавајќи дека е во преговори со „Би-би-си“, тоа да се одржи во Велика Британија.

— реклама —

„Украинската јавна телевизија UA:PBC не може да ги исполни оперативните и безбедносни гаранции потребни за телевизијата да биде домаќин, да организира и ја продуцира Евровизија според правилата на ESC-a“, напишаа од ESC Еurovison Song Contest на „Твитер“.

„ЕБУ сака да ѝ се заблагодари на UA:PBC за нивната сесрдна соработка и посветеност во истражувањето на сите сценарија во неделите по победата на оркестарот „Калуш“ во Торино и ја споделува својата тага и разочарување што натпреварот во 2023 не може да се одржи во Украина“.

Укранскиот бенд оркестарот „Калуш“ победи на Евровизија во Торино минатиот месец, додека Велика Британија беше на второто место.

„Очигледно ова не се околностите кои некој би ги посакал. Се разбира дека ќе расправаме за тоа да „Би-би-си“ биде домаќин на „Евровизија“, рекоа од „Би-би-си“.

„Традиционално победникот на Евровизија е домаќин на натпреварувањето следната година, но поради неможноста на украинската телевизија да ги даде безбедносни и оперативни гаранции потребни за да се одржи натпреварот, значи дека шансата ќе ја добие земјата што завршила втора. Ние имаме целосна намера и нашата цел ќе биде следната година јасно да покажеме дека Украина беше победник“, соопштија од ЕБУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски: на Путин мора да му се каже дека не е во право

Свет | пред 4 минути

— реклама —
media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Свет | пред 1 ден

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски ја одби американската понуда: „Не сме идиоти“

Свет | пред 6 дена

media-library0s99ieppvlg1dWOtv48

Дете убиено во сон: 11-годишен ученик загина во руски напад на Киев

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања