Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Украински специјалци ликвидирале 13 руски војници во операција на северниот фронт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarye3i3itjn9elm6kQlnuS

Украинските Сили за специјални операции (ССО) спровеле тајна офанзива на северниот фронт во Слобожаншчина, при што биле ликвидирани 13 руски војници, јавува Ukrainska Pravda повикувајќи се на официјално соопштение од украинската армија.

— реклама —

Акцијата ја извеле припадници на Alpha групата од 1. одред на 144. центар за специјални операции. Според извештајот, украинските специјалци неприметно ја преминале првата линија на фронтот и влегле на територија под контрола на руските сили, каде што по кратко извидување извршиле изненаден напад и уништиле руски единици засолнишни во земјани утврдувања и на огнени позиции.

— реклама —

По првиот напад, украинските борци останале преку ноќ на заземените позиции, поставувајќи заседа за руските појачувања. Неколку часа подоцна следел и втор удар, во кој – според украинските извори – биле уништени уште неколку руски јуришни групи.

— реклама —

„Благодарение на решителните дејства на војниците и координираната работа на беспилотните летала и минобацачките единици, потврдени се 13 елиминирани руски војници како резултат на специјалните операции,“ се наведува во соопштението на ССО.

Како што е вообичаено за вакви мисии, времето и точната локација на акцијата не се објавени. Од ССО додаваат дека групата успешно се повлекла и веќе се подготвува за следниот задаток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 16 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 18 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 21 час

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања