Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Веднаш да се врати Груевски во Македонија“, Жерновски бара да се спреми документацијата за враќање на експремиерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Настани
media-library3u07d5ac11an7KWNONA

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, упати директен повик до Министерството за правда за итна постапка за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, повикувајќи се на најавите од новата унгарска власт.

„Доаѓа време на правда и секако на одговорност. По најновата изјава на идниот премиер на Унгарија Петер Маѓар, дека Унгарија нема да биде оаза на пребегнати криминалци, сакам да упатам директна порака до Министерството за правда – без одолговлекување и веднаш да се пристапи кон барање да се врати Груевски онаму каде го направи криминалот, а тоа е во Македонија“, рече Жерновски.

— реклама —

Тој додаде дека правдата, иако знае да доцни, „секогаш стигнува“, испраќајќи и директна порака до Груевски, па цитираше негова изјава „Вистината е како шило, нели Никола?“.

Изјавата доаѓа во контекст на политичките превирања по смената на власта во Унгарија и најавите на новиот премиер Петер Маѓар за поостар пристап кон лица кои имаат статус на азил, а се гонети во други држави.

— реклама —

Од друга страна, македонските власти претходно посочија дека постапките за екстрадиција се веќе водени, но биле одбиени од унгарските институции, што значи дека евентуална нова постапка ќе зависи од одлуките на новата власт во Будимпешта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања