Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Венко Филипче: Ќе водам со пример и ќе барам сите функционери да го следат мојот модел на работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4653

Венко Филипче, кандидатот за претседател на СДСМ, вчера се сретна со членовите во Ѓорче Петров и Карпош каде ја презентираше програмата и разговараше со членовите за тоа какви промени се потребни во партијата за да се врати на победничките патеки.

— реклама —

Филипче во своето обраќање се осврна на начинот на кој планира да ја води партијата доколку биде избран за претседател и кои ќе бидат барањата од неговите идни соработници и функционери на СДСМ.

— реклама —

„Јас планирам да водам со пример и ќе очекувам и барам сите функционери да го следат тој пример и начин на однос со луѓето и пристап во политиката. Јас сум отворен за сите, секогаш достапен и така планирам да работат сите во партијата. Луѓето коишто во партиската структура ќе ги бирам според тоа колку се вредни, професионални, работливи, колку имаат образ и колку се другари. Ова ќе бидат критериумите затоа што сметам дека функционирањето на партијата треба да се професионализира“ - истакна Филипче.

— реклама —

На прашање кои ќе бидат неговите најблиски соработници, тој рече дека е доследен на ветувањето да не најавува однапред членови на идното раководство, бидејќи на тој начин да се формираат групи за поддршка што според него не би било фер спрема другите кандидати. Но за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата и презентација на тимот во општинските организации за да собере мислења од членовите со цел да се изберат луѓето со најголема поддршка и кредибилитет.

„Јас не сум разговарал со никого затоа што тимот сметам дека претседателот треба да го прави изборот на раководство по неговиот избор. Но, да знаете дека мојот предлог тим ќе биде презентиран пред сите општински. Ќе сакам да слушнам сугестии и дебата за тоа кој ќе го води СДСМ и ако проценам дека одредени луѓе не се соодветно прифатени ќе изберам други. Мојата цел е пред се да имаме луѓе на позиции кои ќе ја вратат довербата кај членовите на партијата бидејќи нашето ткиво моментално е загрозено“ - рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 2 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 4 часа

media-libraryfemrtp18rd3ffuuIP2L

СДСМ: Предавникот Мицкоски отиде кај пријателот Орбан да преговара за Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања