Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ВИДЕО) Арогантно однесување на министерот Љупчо Николовски: „Срамота, срамота…!“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-04-07-at-16.34.15

„Срамота, срамота…!“

Ова е реакцијата на Министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој видно се вознемири од прашањата на Алсат. Побаравме одговор, дали ќе биде оправдано најавеното зголемување на цената на маслото за јадење? Но, Николовски инсистираше како одговор на прашањето да кажува какви мерки дава Владата за подобрување на земјоделството.

— реклама —

–Ама, министер трет пат ми го кажувате ова. Кога ќе влезат луѓето во продавница да купат зејтин ќе биде за 30 отсто поскап зејтинот. Вие три пати ми кажувате иста работа. Јас Ве прашувам како владин министер, дали имаат право трговците, компаниите да ја зголемат сега цената на маслото за јадење?

„Тоа ќе ги прашате надлежните“, рече Николовски.

— реклама —

–Кои надлежни? Вие сте министер во Владата.

„Не е точно, не е точно, прочитајте ги законите“, возврати Николовски.

-Ама вие сте во владата втор, трет човек…“

Цената на зејтинот последниве неколку дена повторно урива рекорди. Еден литар во дел од маркетите се продава и по 140 денари, а според информациите, во следниот период се очекува да се продава по уште повисока цена. Маслото за јадење е во групата на основни прехранбени производи, а Владата има за задача секогаш да ги гарантира цените на тие производи. Потврда за раст на цените на месечно ниво даде денеска и Државниот завод за статистика кој објави дека има зголемување од 1,7 отсто на цените на маслото за јадење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmiga00cqp0f6TLTizh

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот, раст на патници и нови линии

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryt8vuk4c0pcqmaskAjEL

Модернизација во Пошта: нови пикапи и комби возила за подобра ефикасност

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Имаме најниски цени на горивата во регионот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања