Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Божиновска да поднесе оставка, премногу скандали и лаги и сервираше на јавноста, побара Кузеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Bogdanka-1

„Министерката за енергетика, Сања Божиновска ја излажа јавноста. Таа со недели тврдеше дека се откажала од бугарското државјанство и пасош, за јавноста да дознае од бугарските медиуми дека не само што не е откажана, туку и целото нејзино семејство поседува бугарско државјанство“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

„Во Македонија е законски да се има повеќе државјанства и се отвара голема дилема, зошто Божиновска лажеше и криеше за ова.

— реклама —

Министерке Божиновска, двојното државјанство не е спротивно на закон, но криењето и лажењето на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички и морални принципи во политиката.

Како граѓантие ќе веруваат во вашата работа и во вашите следни изјави ако уште во првата незгодна ситуација избравте да криете наместо да ја кажете вистината?

Министерката Божиновска покрај овој скандал, се уште не даде одговори за долгот од еден милион евра на компанијата која таа ја водела од Бугарија кон. Мепсо. Не даде одговор дали е етички друга компанија од дејноста на енергетиката која исто така била под нејзино водство да биде обвинета за „картелско здружување“. Последните информации кои се уште не се потврдени, а СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана до Божиновска и нејзините претходни бизнис партнери.

Заради сите овие скандали, јавноста нема доверба во министерката и потребно е таа да се даде оставка. Да се повлече од морални причини а сите останати сомнежи да бидат истражени од институциите. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски донесоа некомпетентни, неморални кадри од чие работење и минато денес ги имаме овие случувања во јавноста“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 8 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 13 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања