Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Британскиот премиер: Велика Британија им дозволи на САД користење воени бази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

Британскиот премиер Кир Стармер потврди дека Обединетото Кралство го прифатило американското барање за користење британски воени бази во рамки на, како што нагласи, „конкретна и ограничена одбранбена цел“.

— реклама —

Во видеопорака објавена на социјалните мрежи, Стармер изјави дека Велика Британија засега не е директно вклучена во американско-израелските напади врз Иран, но истовремено истакна дека британските воздухопловни сили учествуваат во координирани одбранбени операции.

— реклама —
— реклама —

„Нашите партнери во Персискиот Залив побараа од нас да направиме повеќе за да ги одбраниме и моја должност е да ги заштитам британските животи. Британските авиони веќе успешно пресретнаа ирански напади“, рече Стармер.

Тој додаде дека единствениот начин да се запре заканата е уништување на проектилите на нивниот извор – во складиштата каде што се чуваат или на лансирните позиции од кои се испукуваат.

Според премиерот, Соединетите Американски Држави побарале дозвола за користење британски бази за таа ограничена одбранбена намена, а владата одлучила да го прифати барањето со цел да се спречи Иран да продолжи со ракетни напади врз земји во регионот.

„Засега нема да учествуваме во офанзивни акции, но ја поддржуваме колективната самоодбрана на нашите сојузници и на нашите граѓани во регионот“, изјави Стармер, во услови на зголемена ескалација на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 6 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања