Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Десетици илјади на улиците, блокиран патот кон Тел Авив: се пробиваат барикадите, полицијата излезе на коњи: 'Нема повеќе време!'

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tel-aviv

Десетици илјади луѓе се собраа низ Израел откако израелските војници пронајдоа тела на шест заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа.

— реклама —

Демонстрантите - многумина обвиени со израелски знамиња - се собраа во Тел Авив, Ерусалим и други градови, обвинувајќи го премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада дека не направиле доволно за да постигнат договор за ослободување на преостанатите заложници кои Хамас ги киднапираше за време на нападот на 7 октомври.

— реклама —

Притоа беа пробиени полициските барикади, а блокиран е и главниот автопат кој води кон Тел Авив. Сето тоа доаѓа кога најголемиот израелски синдикат, Хистадрут, повика на национален генерален штрајк во понеделник, барајќи од владата на премиерот Нетанјаху поефикасно да се ангажира за договор за преостанатите заложници на Хамас.

— реклама —

Потсетуваме дека израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно објавија дека шест тела биле пронајдени во саботата во подземен тунел во областа Рафа во јужна Газа. ИД тврдеше дека тие биле убиени непосредно пред нивните војници да стигнат до нив. Сето ова иницираше масовни протести во неделата, при што толпата ја обвини владата и лично Нетанјаху.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побарал средба со кралот на Јордан, сите покани се одбиени

Свет | пред 8 часа

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Свет | пред 17 часа

media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Свет | пред 17 часа

izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања