Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Детали: Шест ученици нападнале врсници пред училиште во Сарај, едно дете со тешки повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86
Илустрација / Скопје1

Министерството за внатрешни работи информира дека ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство“ по инцидентот што вчера се случи пред Основното училиште „Дитурија“ во општина Сарај.

Според соопштението од МВР, на 12 декември 2025 година, околу 12:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека пред училиштето шест ученици физички нападнале двајца ученици од деветто одделение. Настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш презела мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Со родителите на нападнатите малолетници бил извршен службен разговор, а денеска биле сослушани и самите оштетени ученици. Кај едниот малолетник, по лекарски преглед, биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај вториот биле утврдени телесни повреди.

— реклама —

Полицијата ги идентификувала и учениците кои го извршиле нападот. Станува збор за шест малолетни лица на возраст од 13 до 15 години, кои во текот на денешниот ден биле повикани во полициска станица на службен разговор.

За настанот е известен и надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против шесте малолетници ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Од Министерството за внатрешни работи порачуваат дека ќе продолжат со постапување согласно закон и дека ваквите случаи на насилство, особено кога се работи за малолетници и училишна средина, ќе бидат санкционирани без исклучок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 13 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 14 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 14 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања