Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Детали за вооружениот грабеж во Гостивар: украдени 18 килограми злато вредно 1,8 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarymuc7ujo03okl2ZXXuaP

Четворица маскирани и вооружени разбојници вчера вечер извршиле филмски грабеж во златарница во центарот на Гостивар, одземајќи приближно 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, разбојниците, вооружени со автоматско оружје, влегле во златарницата во близина на малиот пазар околу 18:45 часот и со закана по живот ја принудиле персоната да им го предаде златниот накит. Станува збор за златарница во сопственост на С.Ж. од Гостивар.

— реклама —
— реклама —

По извршувањето на грабежот, сторителите побегнале со патничко возило „БМВ Х3“ без регистарски таблички. Само половина час подоцна, околу 19:00 часот, полицијата пронашла опожарено возило со ист опис на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Гостивар, а при увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет, што укажува дека станува збор за добро подготвена и организирана група.

Возилото е пренесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, по наредба на јавен обвинител, кој ја координира истрагата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот, кој предизвика големо внимание во јавноста поради дрскиот начин на извршување и високата вредност на украденото злато.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypou2rd2qm2tv74ME7sP

Денес во Скопје: Посебен сообраќаен режим поради посетата на Милатовиќ

Скопје | пред 1 час

falsifikt-evra

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Македонија | пред 17 часа

pari-evra-policija

На бизарен начин, велешанец остана без 4.000 евра

Македонија | пред 18 часа

media-librarysr1usvthm85l4RGDkwz

Напад врз полицаец во Шутка: Приведен скопјанец откако оштетил полициско возило

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања