Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) ДУИ самоволно поставува сообраќајни знаци низ Чаир: целта им е да се почитува Законот за јазици, а кршат прописи бидејќи немаат дозволи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryaflja8drojfs26bHJds

ДУИ-Чаир деновиве започна акција низ општината за поставување дополнителни табли со натпис „сообраќајот е под видео надзор“ на албански јазик, под веќе постоечките сообраќајни знаци кои се испишани на македонски јазик. Акцијата се спроведува без јавно објавено одобрение од надлежните институции, што отвора сериозни прашања за законитоста и процедурите.

— реклама —

Станува збор за поставување на дополнителни табли под официјалните сообраќајни знаци, со кои се укажува дека просторот е покриен со видео надзор. Според важечките прописи, поставувањето, измената или дополнувањето на сообраќајната сигнализација е во исклучива надлежност на општините, односно на Градот Скопје за булеварите и улиците од градско значење, како и на Министерството за внатрешни работи кога станува збор за контрола и надзор на сообраќајот.

— реклама —

Експерти по сообраќајна безбедност укажуваат дека секоја интервенција во сигнализацијата мора да биде дел од одобрен сообраќаен проект и да ги исполнува стандардите пропишани со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и подзаконските акти. Самоволното поставување табли е казниво, па дури да станува збор и за идентични.

— реклама —

За акцијата, ДУИ-Чаир се пофалија со снимка каде посочуваат дека акцијата е за да се почитува Законот за употреба на јазиците, но истовремено, се кршат други прописи бидејќи политичка партија нема надлежност да поставува сообраќајни знаци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

Македонија | пред 2 дена

market-pari

ДУИ: Сумболично зголемување на платите, а трошоците за една година се зголемени за 6.000 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarykh057clltaiodsaXNw1

ДУИ: Производството на термоелектраните за јануари е намалено за цели 22.5%

Македонија | пред 4 дена

media-librarygghgbk7k3rvt1EnJ0Qh

ДУИ алармира: Систематизацијата во МВР ја загрозува етничката рамнотежа

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања