Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Филипче: Наследството на Глигоров е патоказ за напредок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VFKGBista-1-6

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во основното училиште „Киро Глигоров“, во општина Центар, присуствуваше на свеченоста по повод откривање на биста на првиот претседател на самостојна Македонија, патрон на училиштето. Говорејќи за ликот и делото на претседателот Глигоров, Филипче истакна дека тој оставил силен печат врз историјата на нашата татковина со правецот по кој ја движел земјата.

— реклама —

„Тој беше лидер кој ги постави основите на современата македонска држава, воден од принципите на демократија, мир и соработка. Глигоров е симбол за мудрост и визионерство, затоа и не случајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочување со предизвици во процесот на независност, донесе мудри политички одлуки. Глигоров го постигна она што ниту една Република од поранешна СФРЈ не успеа да го направи-Македонија по мирен пат стана независна, суверена и демократска држава.

— реклама —

Тој веруваше во силата на дијалогот и помирувањето, нешто што е особено важно и денес, кога треба да продолжиме работиме на заедничката иднина на државата. Благодарение на Глигоров, Македонија стана дел од најголемото меѓународно семејство на народи- Организацијата на обединети нации“-изјави претседателот на СДСМ, Филипче.

Вредностите и државнички одлуки, на Глигоров, оставија траен белег во нашето општество и се патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата, истакна Филипе.

„Ние, како генерација, сме обврзани да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани. Со оваа биста, што денеска се постави во истоименото основно училиште, не само што оддаваме почит, туку и ја чуваме визијата на Глигоров жива во нашето секојдневие, инспирирајќи ја младината да се бори за заедништво, стабилност и просперитет“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 15 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања