Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Газда Деко правел црн капитал уште многу пред „Пулс“, ме згрозува што не чувствува вина, вели ексначалникот Ѓурчевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryriq05fipthrm1L2Tm7V
Скопје1.мк

Ексначалникот на МВР Љубомир Ѓурчевски во „Претрес со Ландов“ ја отвори одговорноста за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, посочувајќи го газдата Дејан Јованов‑Деко како лице спомнувано уште во акцијата „Детонатор“ (2012/2013) околу диви коцкарници и големи профити. Тој тврди дека Деко создавал „црн капитал“ со години и бара посериозна истрага за пренамени, наводен поткуп од 7.000 евра за нелегална лиценца и изостанати даночни контроли, со наводни политички притисоци. Ѓурчевски го критикува и објектот како небезбеден (без излези, вентилација, противпожарна заштита и огноотпорни материјали) и вели дека е згрозен ако газдата не чувствува вина по долгогодишен профит.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ексначалникот во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски, во подкастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за одговорноста за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој рече дека газдата Дејан Јованов-Деко бил предмет на опсервација уште во случајот „Детонатор“.

„Газда Деко значи во некои работи се спомнуваше уште во акцијата детонатор 2012/2013 година со оние фамозни апарати за игра на среќа, таму се правеше огромни профити од тие материјали коцкарници, диви коцкарници“, рече Ѓурчевски.

— реклама —

Прашан дали сака да каже дека Деко не е само обичен газда, тој рече: „Тој е човек што правел црн капитал уште многу многу многу пред ова. па откаде му се парите, тој имаше и кафич, имаше и ова, имаше и она. Значи некои треба малку посериозно да се позанимава. Како се праени пренамените, зошто е даван рушвет, се зборува тамо за поткуп од седум илјади евра за нелегална лиценца. Управа за јавни приходи никојпат не му дошла да наплати одредени даноци кои што требало да ги наплати, и така натаму. Некои министри се јавувале во управата за приходи. Зошто би некого јас би го корумпирал ако работам чесно? сега некој да ме убеди мене сака дека не чувствува вина?“.

— реклама —

Ѓурчевски доаѓа: „Господине Дејан абе објектов ти го направи од шупа, го направи златен и сега ти да не чувствуваш вина, зошто немаш посебни излези, немаш посебни влезови, немаш вентилација, немаш соодветна противпожарна заштита. Материјалите се погрешни. Материјалите, немаш огноотпорни материјали, немаш ова, немаш она, и сега ти да не чувствуваш вина, а си остваруваш профит дваесет години, тоа мене ме згрозува“.

Цел поткаст на многу теми поврзани со криминалните случувања во Македонија:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања