Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Иран го нападна Оман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarykpa752eoajitcSSZVN6

Странски работник е повреден откако два дрона го погодиле пристаништето во Дукм, на источниот брег на Оман, објавија во неделата државните медиуми на Оман, пренесува Anadolu Agency.

Државната новинска агенција ONA, повикувајќи се на официјален извор, наведе дека пристаништето, сместено во градот Дукм во покраината Ал Вуста, било „мета на два дрона“. Еден од дроновите погодил мобилна станбена единица за работници и при тоа повредил странски работник, додека делови од вториот паднале во близина на резервоари за гориво, без човечки жртви и без материјална штета, соопштил изворот.

— реклама —

Покрај тоа, нафтен танкер бил нападнат утринава околу пет наутички милји од брегот на Масандам во Оман, соопшти поморскиот безбедносен центар на земјата. Во нападот се повредени четири лица, а дваесет члена на екипажот се евакуирани. Станува збор за пловило со име „Skylight“, кое пловело под знамето на Палау, мала островска држава во западниот Пацифик.

— реклама —

Ова е прв удар на Иран врз Оман, кој повеќепати посредуваше во индиректните нуклеарни преговори меѓу Соединетите Американски Држави и Иран и има релативно пријателски односи со Техеран.

Оманските власти го осудија инцидентот, порачувајќи дека „ги преземаат сите неопходни мерки за да се спротивстават на какви било дејствија што би можеле да ја загрозат безбедноста на државата и на лицата што престојуваат во неа“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања