Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Исповед на преживеана од „Пулс“: По комата започна борбата за живот, а денес сфаќам дека ништо не вреди ако не си здрав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryhnnnadeg5gvlbQO9mWw

Надалина Грозданова, преживеана од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, првпат јавно зборува за трагедијата и борбата за живот. Таа била 19-годишна и не се сеќава на моментот кога избувнал пламенот, но вели дека вистинската борба почнала по будењето од кома во Грција, со постојана грижа од медицинскиот тим. Искуството целосно ја променило: сфатила дека здравјето е најважно. Иако ја добила титулата ученик на генерацијата додека била на интензивна нега, тоа не ѝ значело ништо. Нејзината порака е дека болниот има само една желба – да оздрави.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Преживеаната од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Надалина Грозданова, првпат јавно проговори за ноќта на пожарот и за тешката борба за живот што следувала по несреќата.

— реклама —

Грозданова, која во моментот на трагедијата имала 19 години, беше една од повредените во пожарот. Таа раскажа дека нејзините сеќавања од моментот кога избувнал пламенот се избришани, но дека вистинската борба започнала по будењето од кома.

— реклама —
— реклама —

„Јас сум Надалина Грозданова, имав деветнаесет години и бев меѓу луѓето кои беа повредени во пожарот во дискотеката ‘Пулс’ во Кочани. Сеќавањата од моментот кога избувна пламенот ми се избришани и не памтам точно што се случи, но од моментот кога се разбудив од кома во Грција знам дека во секој момент сум имала некој до мене и дека докторите и целиот медицински тим ми го спасиле животот“, раскажа таа.

Таа нагласи дека секоја секунда во тие моменти значела живот и дека искуството целосно ја променило како човек.

„Од многу аспекти се сменив како човек. Порано се грижев за многу работи во животот, но денес сфаќам дека ништо нема вредност кога не си здрав“, вели Грозданова.

Додека се лекувала на интензивна нега, таа ја добила и титулата ученик на генерацијата, но признава дека во тој момент тоа не ѝ значело ништо.

„Титулата ученик на генерација ми ја доделија додека бев на интензивна нега. Во тој момент тоа ништо не ми значеше. Животот го гледам на сосема поинаков начин“, раскажа таа.

Нејзината порака по трагедијата е дека здравјето е најважно.

„Добриот и здрав човек има милион желби, а болниот има само една – да оздрави. Тоа го почувствував на своја кожа“, вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

Македонија | пред 4 дена

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тројца нови сведоци за пожарот во Кочани - продолжува судењето за случајот „Пулс“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Повторно се одложува судењето против деветте полициски службеници обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања