Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Кога „Сејф сити“ не снима? Ќе има ли казни ако ви се расипе возилото на булевар или поминете на трепкачко жолто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryi3r2917s3pk745SqqYP
Фото: Претрес со Ландов / Скопје1.мк

Началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ одговори на низа дилеми поврзани со системот „Безбеден град“. Една од најчестите – дали камерите казнуваат кога семафорите работат во режим на трепкачко-жолто.

— реклама —

Според него, кога раскрсница ќе биде ставена под посебен режим – трепкачко-жолто или регулирање од сообраќаец – системот автоматски престанува да регистрира прекршоци.

— реклама —

„Кога раскрсницата е во таква фаза, камерите не снимаат. Тие се поврзани со редовниот режим на работа на светлата. Не функционираат кога има трепкачи или кога сообраќајот го регулира полицаец“, објасни Топаловски.

— реклама —

Тој се осврна и на дилемата дали возач ќе биде казнет ако мора да застане поради дефект.

„Возач што запрел со вклучени четири трепкачи, затоа што има расипано возило, нема да биде казнет. Системот го увидува тоа, а и службениците што работат со него ја проценуваат реалната состојба“, додаде началникот на СВР Скопје.

Топаловски потенцира дека нема да се изрекуваат санкции механички и без проценка, туку секогаш ќе се зема предвид дали постоела реална пречка или опасност.

Го отвораме најчестото прашање на возачите. Одговорите ви се во разговорот:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 2 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 5 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 7 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања