Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Масовен напад на Украина, одекнуваат експлозии во Киев: највисокиот функционер на ЕУ итно бил испратен во засолниште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-02-07-at-09.12.00

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, кој е во дводневна посета на Украина, објави дека утрото го поминал во засолниште поради сирените за воздушни напади што се огласија низ целиот Киев, проследено со серија експлозии во Киев и многу украински градови.

„Го започнувам утрото во засолништето додека се огласуваат сирените низ Киев. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија“, напиша Борељ на платформата Х.

— реклама —

Русија изутрината изврши ракетен напад врз Киев и други украински градови, соопшти украинското воздухопловство, а во главниот град се слушнаа неколку експлозии додека системи за противвоздушна одбрана беа ангажирани во одбивањето на нападот. Силни експлозии се слушнале во Киев непосредно пред 7:00 часот, изјавиле очевидци за агенцијата Ројтерс. Еден човек е убиен во јужниот град Миколаев, а девет лица се ранети во Киев.

— реклама —

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека се ангажирани системи за противвоздушна одбрана. Тој додаде дека делови од главниот град на Украина денеска останале без струја, откако соборена руска ракета ги оштетила далноводите.

Во Киев и остатокот од земјата, воздушните предупредувања се во сила повеќе од два часа, според Ројтерс. Олех Синехубов, гувернер на Харковската област, во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле нестанбена инфраструктура во градот Харков, административен центар на регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања