Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Ми земаа кола 700 евра! Да ми се врати оти со пет деца во шупа живеам“, протест на патот Битола-Охрид оти сакаат да возат без возачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Настани
media-library4j88o06argn48A14PBn

Социјалниот револт поради одземањето на возилата на лица кои управуваат без возачка дозвола кулминираше на патот Битола–Охрид, каде демонстрантите јавно ги изнесуваат своите лични приказни и причини за протестот.

„Ние сме од Битола, ние сме од нашите, некои немаме возачки. Денеска ми земаа 700 евра кола. Пет деца имам, во шупа живеам. Кај да одиме?“, вели еден од демонстрантите, објаснувајќи дека возилото за него не е луксуз, туку единствено средство за преживување.

— реклама —

Тој директно ги поврзува протестите и блокадите со последните законски измени со кои се предвидува задолжително одземање на возила управувани без возачка дозвола. „Гледај сега што направи претседателот со ова. Е сега гледај ние што правиме. Прилеп, Ресен, Битола – сѐ е блокирано. Уште 2000 души доаѓаат“, изјавува демонстрантот, нагласувајќи дека протестите се шират и дека незадоволството расте.

— реклама —

Во неговото обраќање доминира чувството на социјална безизлезност. „Без возачки што беа луѓето трпат за леб. Греотичка сме, кај да најдеме леб? Овде што сме ние, немаме возачки. Ни даваат по 50 евра социјално“, вели тој, додавајќи дека барањето е едноставно и директно: „Колата да ми се врати“.

Ваквите сведоштва ја отсликуваат атмосферата на протестите, каде што законските мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот се судираат со длабоки социјални проблеми и сиромаштија. Демонстрантите порачуваат дека за нив возилото претставува основно средство за егзистенција, а не прекршок од кој може лесно да се откажат, додека институциите најавуваат дека законот ќе се применува без исклучоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 11 час

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 12 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 13 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања