Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
miteva1

„Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава. Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики“, кажа портпаролката на Владата, Марија Митева.

— реклама —

— реклама —

„Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.

— реклама —

Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција.

Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување.

Овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија“, рече Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 18 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања