Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) На депонија со метан да никне парк: Ѓорѓиевски раскажа за планот и уверува „Ќе шетам таму со моето дете“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-library37lnm274he5p9R8F3YX

Кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ зборуваше за својата идеја на местото на депонијата Вардариште да изгради голем парк, кој, како што рече, ќе стане „новите бели дробови на Скопје“.

„Откако ќе го направам паркот, да, јас ќе застанам таму лично со моето дете. Ќе отидеме и нема да ми смета почесто за викенди да одам таму“, изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој објасни дека првиот чекор е целосно одгаснување на депонијата, за што веќе бил во контакт со специјализирани странски компании, бидејќи во Македонија такви нема.

„Прво треба Вардариште да се одгаси. Има метан таму. Но, одгасувањето не го попречува процесот да се започне со деконтаминација на просторот, односно чистење на депонијата“, рече тој.

— реклама —

„Кога ќе влезам во градот Скопје, првите неколку дена ќе започнам со соодветен третман на Вардариште. Потоа ќе следи повеќеслојно поставување земја, а најгоре ќе биде хумус. Садиме трева“, додаде Ѓорѓиевски, притоа нагласувајќи дека претоварната станица не претставува пречка.

„Триста илјади квадрати површина од која што се труделе и јас, и ти, и нашите родители. Одговорно тврдам дека на Вардариште ќе никне нов парк – новите бели дробови на Скопје“, истакна кандидатот.

На прашањето од новинарот Ландов дали би ја повлекол идејата и извинил на граѓаните доколку експертите проценат дека теренот останува опасен за деца и рекреација, Ѓорѓиевски одговори:

„Откако ќе исчистам депонијата? Да. Но не постои простор да не биде така. Јас ќе го завршам. Не сум спремен после мојот четиригодишен мандат граѓаните пак да се гушат со тоа што се случуваше на Вардариште повеќе од триесет години. Не може цело време да одбегнуваме од проблемот.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library79gqcpfliara6H0Ea0E

Меѓународна поддршка за Скопје како Европска престолнина на културата 2028: Ѓорѓиевски домаќин на делегации од Германија, Италија и Словенија

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys9kiphe3lu00acRP4QO

Ѓорѓиевски во хуманитарна акција: Поделени над 300 оброци за бездомни и социјално загрозени лица

Скопје | пред 1 седмица

media-library3q32rcf2m08h6qXxMZB

Од Драчево до центар за 11 минути: Градски воз ќе јури низ Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Скопје | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања