Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Најмалку девет загинати на протест пред американскиот конзулат во Карачи, пробиена оградата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Најмалку девет лица загинаа во Карачи за време на протести пред американскиот конзулат, поттикнати од американско-израелските напади врз Иран. Демонстранти ја пробиле оградата, полицијата употребила солзавец, се пријавуваат истрели и запалени возила, а состојбата останува тензична. Протести имало и во други делови на Пакистан: во Скарду е запалена зграда со канцеларии на ОН (без жртви), а во Лахоре се одржал протест пред конзулатот без сериозни инциденти. Собири се одржаа и во Багдад и во индиски Кашмир, во услови на растечки регионални тензии.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Најмалку девет лица загинаа во пакистанскиот град Карачи за време на протестите пред американскиот конзулат, кои избувнаа поради американско-израелските напади врз Иран, јавуваат агенциите повикувајќи се на спасувачките служби.

— реклама —

Според информациите, пакистанската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, откако тие ја пробиле надворешната ограда на американскиот конзулат во Карачи. Новинар на Ројтерс пријавил и истрели, а видеоснимки од местото покажуваат запалени возила пред главниот влез на објектот.

— реклама —

Локалните власти соопштија дека демонстрантите биле оттурнати од конзулатот, додека состојбата во градот останува тензична.

— реклама —

Протести се одржаа и во други делови на Пакистан. Во северниот град Скарду, во покраината Гилгит-Балтистан, демонстранти ја запалиле зградата во која се сместени канцеларии на Обединети нации. Локалните власти информираа дека нема жртви во тој инцидент.

Во Лахоре, стотици луѓе се собрале пред американскиот конзулат, но без сериозни инциденти. Според очевидци, полицијата ги спречила обидите за оштетување на безбедносната ограда без употреба на сила.

Паралелно, протести се одржаа и во ирачкиот главен град Багдад, каде проирански демонстранти се собраа пред Зелената зона, во која се наоѓа и американската амбасада.

Тензиите се прелеаја и во индискиот дел на Кашмир, каде илјадници шиити излегоа на улиците во знак на жалост и протест. Во регионалниот центар Сринагар се слушаа антиамерикански и антиизраелски пароли, но собирот минал без поголеми инциденти.

Ескалацијата на протестите доаѓа во време на засилени регионални тензии по најновите воени случувања на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања