Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Нападнати три острови во Грција: Пожари на Крит, Хиос и Кос, туристите евакуирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1120507507

Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.

— реклама —

Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини. Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.

— реклама —

Пожарникарите и камионите беа испратени и од Атина и Родос за да им помогнат на локалните сили да го стават пожарот под контрола. На Хиос, пак, избувна пожар во областа Сидирунди, која се наоѓа на северозапад од островот и е позната по прекрасната средновековна населба, која за среќа се спасила без штета.

— реклама —

Дополнителни противпожарни сили беа испратени од Лезбос и Атина за да им помогнат на напорите на локалните служби, така што до утринава пожарот беше ограничен на пошумениот дел на островот и пренасочен од станбените области. Во меѓувреме полесно се повредени пет пожарникари. Надлежните уапсиле и 63-годишен маж кој ненамерно го предизвикал пожарот и е казнет со речиси 9.000 евра, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за подметнување пожар.

Третиот шумски пожар беше на Крит, особено во Вианос, на јужниот брег на Ираклион и се уште беснее. Локалните власти на островот превентивно го евакуираа селото Катофиги, додека помош за гаснење на пожарот беше испратена од другите делови на островот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Македонија | пред 17 часа

pozarna

Се запали стан во Куманово – брзата интервенција спречи поголема штета

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfoqlsj8h3q3je83rN0C

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Париз: евакуирани околу 400 лица

Свет | пред 5 дена

media-libraryojlvrk3r3p1r3oifwTT

(Фото) 12 часа борба со огнот: Депонијата во Босилово повторно гори

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања