Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Не може да има 6 милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-49-9040PM

„Покрај тоа што власта има рекорден Буџет од 6 милијарди евра за оваа година, вели дека нема пари за зголемување на платите на работниците“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:

— реклама —

— реклама —

„Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и најраспинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните. И тоа се покажа како точно.

— реклама —

Ова е недопустливо и покажува целосно непочитување на трудот македонските работници и неспособност на власта да одговори на економските потреби на граѓаните.

Дополнително, власта товари нови долгови на грбот на граѓаните и граба пари за себе воопшто не водејќи сметка за потребите на граѓаните и на работниците.

Покрај задолжувањето од 500 милиони евра од Унгарија, власта во изминатите 3 месеци се задолжи со 128 милиони евра преку државни записи и обврзници, и 73,7 милиони евра кај домашните кредитори. Тоа се нови, над 200 милиони евра долгови врз грбот на граѓаните кои ќе ги плаќаат идните генерации.

А платите стагнираат, животниот стандард и куповната моќ на народот опаѓа. Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат зголемени трошоци за живот за 4,4% и зголемени цените на основните производи за 4,3%.

Со власта на Мицкоски и ДПМНЕ граѓаните имаат помалку пари во џебовите а работниците живеат се потешко. Мицкоски потфрли на најважаната тема, животниот стандард на граѓаните.

Власта целосно го напушти системот за зголемување на платите воспоставен од СДСМ што резултира со влошување на животниот стандард на работниците.

Упорно го игнорира и нашиот предлог за минимална плата од 500 евра, која е неопходна за да се одговори на растот на трошоците за живот

Не може власта да има 6 милијарди евра Буџет, да се задолжува со нови 200 милиони евра а да нема пари за поголеми плати за работниците.

Очигледно за власта најважна е удобноста на функционерите, нивните високи плати, скапи коли, луксузен мебел, а работниците се оставени сами на себе.

СДСМ нема да отстапи од борбата за правата на работниците и подобрување на нивниот животен стандард. Граѓаните заслужуваат подобро, заслужуваат поголеми плати и достоинствен живот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 10 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 15 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања