Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Нови детали: Жената во гостиварско била убиена со пиштол, пред да ја закопаат во дупката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2hl79ehjdajiadU7zoW

Обдукцијата на починатата жена, чие тело беше пронајдено закопано во атарот на гостиварското село Неготино, е завршена и според првичните наоди, таа била лишена од живот со огнено оружје, соопштија од Обвинителството. По наредба на надлежен јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите подигнати од повеќе локации, а паралелно се спроведуваат претреси и други истражни дејствија со цел целосно расветлување на случајот.

— реклама —

Краткотрајниот притвор од 48 часа за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, додека јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување истата мерка и за второто лице кое претходно беше задржано во полициска станица.

— реклама —

Случајот излезе на виделина откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во текот на ноќта, изврши увид на терен каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано лице закопано во дупка. Поради сомневања дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со индиции за противправно лишување од слобода, беше наредена обдукција, идентификација на телото и прибирање материјални докази од лице место.

— реклама —

Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни активности, по што за едно лице беше определен краткотраен притвор за обезбедување докази, додека уште едно лице беше задржано на дополнителни проверки. Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува интензивно и дека се преземаат сите законски мерки за целосно испитување на околностите под кои е сторено убиството.

ВИДЕО ОД ПРОНАОЃАЊЕТО:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library66ntksuu8f0ccZNUhnh

Обвинителската служба доби колективен договор и најавено зголемување на платите

Македонија | пред 7 часа

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Обвинителството: Нема застој во предметите за „Пулс“, ЗНМ да гарантираат воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии

Македонија | пред 1 ден

media-library6h6ho6cnbg5n1Nuyr4y

Трка за шеф на Вишото обвинителство и обвинители во ОЈО-ГОКК

Македонија | пред 3 дена

tepa-dete

Го тепал 10-годишниот син со боксови и клоци, па го фатил за коса и го кренал: Нов случај на семејно насилство во Охрид

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања