Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Нови воздушни напади врз Киев и Харков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryc6kjd73ng138eyvYqyo

Руските сили рано утринава извршија напад врз Киев, Харков и други поголеми градови во Украина, а во нападите има повредени лица и штета на енергетската инфраструктура, соопштија украинските официјални претставници.

— реклама —
— реклама —

Во нападите се повредени четири лица, по две во Киев и Харков, соопштија официјални претставници во двата најголеми украински града.

— реклама —

Во Киев, каде што ноќеска температурите се спуштија на речиси -20 степени Целзиусови, сведоци на агенцијата Ројтерс пријавија експлозии по полноќ, кои, според нивните изјави, биле предизвикани од ракети и дронови.

„Ударните напади предизвикаа штета во пет киевски окрузи, погодени се три станбени згради и објект во кој се наоѓа градинка, изјави началникот на градската воена управа“, Тимур Ткаченко.

Тој додаде дека, според моменталните податоци, најмалку две лица се повредени во нападите, пренесува Укринформ.

Предупредувањето за воздушен напад во Киев било на сила повеќе од пет часа.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека нападите во овој град биле насочени кон енергетската инфраструктура.

„Целта е очигледна: да се предизвика максимално разорување и градот да се остави без греење при силни студови“, напиша Терехов на Телеграм.

Началникот на Харковската регионална државна администрација, Олег Синегубов, извести дека две лица се повредени во руското гранатирање, пренесува Униан.

Русија и Украина минатата недела соопштија дека ги прекинале меѓусебните напади врз енергетската инфраструктура, но не се согласија околу временската рамка за прекин на таквите удари.

Кремљ соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил рускиот претседател Владимир Путин да се воздржи од напади врз Киев до 1 февруари, додека Зеленски изјави дека прекинот на нападите врз енергетските објекти треба да трае една недела, почнувајќи од 30 јануари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 7 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 9 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 12 часа

media-libraryetjmqfmacn7u0iabNim

Рускиот ФСБ разоткри британски дипломат во Москва – мора да ја напушти земјата

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања