Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Новогодишен хорор во Кран-Монтана: Пожар во бар однесе околу 40 животи, над 100 повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library8l685ses09k72lcPnAw

Голема трагедија го потресе швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога разорен пожар во популарен бар усмрти околу 40 лица, а приближно стотина беа повредени.

Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, а првичните сомнежи укажуваат дека бил предизвикан од пиротехнички средства. Очевидци наведуваат дека пиротехниката била поставена на шишиња со пијалоци, по што пламенот го зафатил таванот на објектот.

— реклама —

Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, изјавил дека пожарот се проширил за само неколку секунди, создавајќи хаос и паника меѓу стотиците посетители. Поради тоа што главниот дел од барот се наоѓал во подрум, до кој се пристапува преку скали, евакуацијата била исклучително тешка, а во обидот за бегство дошло и до стампедо кон излезот.

— реклама —

Домарот на соседната зграда и неговата сопруга сведочат за драматичните сцени по избувнувањето на пожарот. „Нè разбудија вресоци. Луѓето врескаа, имаше густ црн чад и ужасна миризба. Брзата помош и пожарникарите пристигнаа многу брзо. Станарите во паника ја напуштија зградата, стравувајќи дека пожарот ќе се прошири. Многумина побараа засолниште кај нас, им направивме кафе и останавме со нив до раните утрински часови“, изјавил тој.

Надлежните служби спроведуваат официјална истрага за утврдување на точната причина за пожарот, додека швајцарската јавност е во шок од една од најтешките трагедии што ја погоди земјата во новогодишната ноќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo542g98sjjn8bJlZ9Aq

(Видео) Повторно пожар на депонија во Куманово, проблемот трае со години

Настани | пред 2 дена

media-libraryq0682i10e5bi61F1ZRP

Пожар избувна на американски носач на авиони

Свет | пред 6 дена

media-library26271df1rt70aNBf4nV

(Видео) Пожар во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања