Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Обвинителството работи на штета на Албанците“: пратеник испорача барања за случаите „Монструм“ и „Алфа“ да се отворат одново

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycp952459p7d098RZnZJ

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, најави дека ќе апстинира при гласањето за избор на нов државен јавен обвинител, оценувајќи дека обвинителството со години функционирало како селективен инструмент, особено на штета на Албанците.

Во своето обраќање во Собранието, Реџепи посочи дека довербата во правосудниот систем е исклучително ниска, а кај Албанците, како што рече, „е нула“.

— реклама —

„Обвинителството често било инструмент на селективна правда. Не го велам тоа од политички причини, туку поради реалноста и довербата кај граѓаните“, изјави Реџепи.

Тој наведе низа случаи од минатото, од Бит Пазар, Тетовскиот универзитет и Гостивар, до понови предмети како „Монструм“, „Алфа“, случајот со Алмир и настаните во Кочани, за кои тврди дека биле водени со пристап на однапред одредени виновници, наместо со целосно утврдување на фактите.

— реклама —

„Неправдата не старее и не смее да се заборави. Таа треба да остане врежана во свеста на институциите и граѓаните“, нагласи тој.

Реџепи истакна дека не може да го поддржи кандидатот за јавен обвинител, но нема ни да гласа против, оставајќи простор, како што рече, новиот обвинител да покаже дека може да донесе вистинска правда.

„Ќе апстинирам за да му дадам шанса да докаже дека ќе биде обвинител на сите граѓани, а не на власта“, рече Реџепи.

Тој додаде дека од новиот обвинител се очекува да ги преиспита чувствителните случаи и да покаже вистинска борба против корупцијата, во насока на европските стандарди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 23 часа

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања