Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Оставка од Божиновска, побара СДСМ и најави иницијатива за фунционер да може да има само македонско државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-31-103317

„Сања Божиновска, која што е вмешана во бројни скандали, продолжува да ја лаже јавноста. Денеска прашуваме: Како можеше Божиновска да го излаже народот за своето бугарско државјанство? И што вистински се крие зад нејзините мотиви за негово добивање? Јавно беше објавен документот со кој таа самата потврдува бугарска самосвест, и тој документ носи нејзин личен потпис. Ова ја разобличува нејзината лага дека „адвокати и ја потпишале изјавата“, рече Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

„Дополнително, нејзиното тврдење дека бугарско државјанство добила за економски причини е далеку од вистината. Бугарија не беше членка на ЕУ во 2004 година, кога Божиновска го добила државјанството. Економските можности во Бугарија беа послаби од оние во Македонија во тоа време. Ако економски причини не се причината, тогаш прашањето е: кои се вистинските мотиви? Дали навистина има бугарски национални чувства кои ја мотивирале на ваков чекор?

— реклама —

Додека Мицкоски тврди дека се бори против вклучувањето на Бугарите во уставот, тој очигледно нема проблем со државни функционери кои поседуваат бугарско државјанство во најтесното опкружување на Владата. Ова е лицемерие на највисоко ниво кое ги погодува сите граѓани и отвора многу прашања. Колку уште лица во тесното владино опкружување имаат двојно државјанство, и дали тие служат на интересите на Македонија или на странски интереси?

Затоа, СДСМ ќе поднесе иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен и конкретен услов - премиер, вицепремиери, министри и пратеници во Република Северна Македонија да можат да бидат лица кои поседуваат само македонско државјанство.

Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав.

Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму.

Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата“, изјави Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 12 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 14 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 17 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања