Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Ова е моментот на страшниот напад врз Запорожје, врз градот се струполија нови и најопасни руски дронови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library5j54hmpcua9ubZyCUod

Русија во вторникот изведе неколку последователни напади со беспилотни летала врз украинскиот град Запорожје, во кои беа повредени најмалку 12 лица, а едно лице загина, соопштија локалните власти на Телеграм.

Во нападот биле користени дронови од типот Shahed, а според снимките од социјалните мрежи, се работи за Geran-3 — руската верзија на Shahed-238 со турбомлазен погон, најопасниот дрон кој може да достигне брзина од речиси 375 km/h и потешко се пресретнува.

— реклама —

Украина уште минатиот месец соопшти дека Русија користи млазни дронови од типот Geran-2 (руска верзија на Shahed-136), чиешто движење е со брзина од околу 185 km/h и имаат дострел од околу 1000 километри.

Според информациите на Државната служба за итни случаи (ДСИС), руските сили пет пати го гаѓале Запорожје во рок од 20 минути, а при еден од нападите била погодена локална фирма. Според претходно објавените извештаи, во гранатирањето загинал свештеник.

— реклама —

Киев тврди дека веќе располага со пресретнувачки дронови кои можат да уништат Shahed со млазен погон. Павло Палица, заменик шеф на претседателскиот кабинет, изјави за локалниот медиум Novine Live дека Украина ги модифицира своите дронови паралелно со Русите.

– Имаме одговори и заштита од нивните млазни мотори во нашите FPV-дронови. Тие можат да придонесат за оптимален систем на противвоздушна одбрана кој покрива различни височини и далечини – рече Палица.

Спротивставувањето на Geran-3 би можело да претставува нов голем предизвик за Украина, која веќе се соочува со тешкотии во борбата против Geran-2, бидејќи Русија истовремено лансира стотици борбени дронови и мамки со цел да ја пробие противвоздушната одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања