Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Полицајците не признаа вина: Не го казнувале „Пулс“, туку прекршоците ги евидентирале на неактивна фирма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryi9j636q7ebl39lbX1zK

Тројца полициски службеници обвинети за работењето на клубот „Плус“ во Кочани не признаа вина и најавија дека ќе докажуваат оти не сториле злоупотреба. Според обвинението, при две акциски контроли инспекторите Кире Богатинов и Горан Лазаров, со поранешниот командир Александар Темелков, прекршоците ги евидентирале на неактивно правно лице, наместо на фирмата на клубот, па таа не била санкционирана. Обвинителството тврди дека Темелков потпишал барања иако можел да утврди неточни податоци. Постапката продолжува со докази и сведоци.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Тројцата полициски службеници обвинети во предметот поврзан со работењето на клубот „Плус“ во Кочани не признаа вина пред судот и најавија дека ќе докажуваат дека не сториле злоупотреба.

Инспекторите Кире Богатинов и Горан Лазаров, како и поранешниот командир на Полициската станица Кочани, Александар Темелков, се товарат дека при две акциски контроли наместо да ги евидентираат прекршоците кај фирмата на клубот „Плус“, казните ги запишале на друго, неактивно правно лице, со што активниот субјект не бил санкциониран.

— реклама —

Обвинителката Ивана Алексова Трајчева на првото рочиште изјави дека обвинението е поткрепено со материјални докази, кои беа изведени пред судот.

„Проблемот е што при акциска контрола, кога ќе се констатира прекршок, постојат јасни правила за составување записник, утврдени во анекс-планот за акциска контрола. Во конкретниот случај не била побарана потребната документација од одговорното лице во правното лице каде што е констатиран прекршокот, туку како што им било кажано, така било запишано – правно лице кое било неактивно и одговорно лице кое не било активно“, рече обвинителката.

— реклама —

Во однос на поранешниот командир Темелков, обвинителството тврди дека тој ги потпишал барањата за поведување прекршочна постапка и покрај тоа што во прилог имал документација од која можел да утврди дека податоците не се точни.

„Барањата не се поднесуваат без пропратна документација. Имал увид во тековната состојба и можел да види дали правното лице било активно и дали станува збор за вистинско одговорно лице. И покрај тоа, ги потпишал и поднел барањата“, додаде Алексова Трајчева.

Според обвинението, со ваквото постапување активното правно лице избегнало санкција, со што била прибавена имотна корист. Судската постапка продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

„Бев легната на земја, заглавена меѓу излезната и влезната врата, ме извлече член на обезбедувањето“, вели сведок од „Пулс“

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Дел од родителите на загинатите деца од „Пулс“ бараат враќање на Трајчева во предметот против полицајците, Советот на обвинители се прогласи за „ненадлежен“

Македонија | пред 1 ден

media-library5p3mkbsoocij3Y8UIgD

Не знаевме дека казнуваме згасната фирма наместо „Пулс“, се бранат обвинетите полицајци

Македонија | пред 2 дена

media-library0vj4nv0artmi2RzY2fJ

Брза помош интервенираше на рочиштето за „Пулс“: Влошена состојба на Дејан Јованов-Деко

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања