Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Разбојници со автомати и џип без таблици ограбија златара во центарот на Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Настани
media-library29a2h0ln7ft17XnyxxV

Вчера вечерта во центарот на Гостивар се случила организирана разбојничка кражба во златара, при што неколку маскирани и вооружени лица со автоматско оружје однеле значителна количина злато и пари, а потоа побегнале со црн џип во непознат правец.

Според информациите од СВР Тетово, пријавата за грабежот била поднесена во 18:45 часот, од страна на В.П. од Гостивар, кој соопштил дека четири маскирани лица упаднале во златара во близина на малиот пазар.

— реклама —

„Разбојниците биле вооружени со автоматско оружје и по нападот побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички. Веднаш е постапено по пријавата и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.

— реклама —

Според очевидци, разбојниците, во обид да го забават движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе улици во централното подрачје на градот.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар потврдија дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издавал повеќе наредби и насоки за истрагата, со цел што побрзо да бидат идентификувани и приведени сторителите.

Според првичните информации, нападот бил изведен професионално и за кратко време, што укажува на добро координирана криминална група. Засега нема информации за повредени лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 14 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 15 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 16 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања