Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) СДСМ: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryob6606bffif33entlDJ

Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Мицкоски, рече на прес конференција Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

— реклама —

“Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро 9 милиони евра, народни пари.

— реклама —

И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.

— реклама —
media-librarybgtjccdffn0i8mFrBGM

Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно.

Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните.

media-libraryn2a0v63oh6uacmTROPG

Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра.

Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?

media-libraryoglkngma3uj45ABmrbO

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски?

Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага.

Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме.

Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.

Мицкоски е само негов ученик и извршител.

Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш. За сите

Крадењето мора да престане, веднаш”, рече Димитријевиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 2 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 4 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 7 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања