Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ВИДЕО) Силен напад врз Киев: Балистички ракети и дронови предизвикаа пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library6eieibmgsln510YEaEO
фото: принтскрин

Русија синоќа изврши силен напад врз Киев, главниот град на Украина, користејќи балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Во нападот избувнале пожари на инфраструктурни објекти, а во делови од градот дошло до прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информираше дека на левиот брег на градот, како последица од нападот, биле регистрирани сериозни нарушувања во енергетската и водоводната мрежа. Тој посочи дека објектите од општествено значење преминале на автономно напојување за да се обезбеди нивно непречено функционирање.

— реклама —

Според украинските власти, има информации за една жртва во Дњепровскиот округ, каде што биле погодени и нестанбени објекти. Во истиот дел од градот експлозиите предизвикале оштетувања на високи станбени згради, а едно лице, 59-годишна жена, било повредено од ударниот бран. Оштетени биле и десетици возила.

— реклама —

На друга локација, беспилотно летало се урнало на отворен простор, при што избувнал пожар и изгореле повеќе автомобили, објавија украинските медиуми. Началникот на Градската воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека во Дњепровскиот округ избувнал пожар во магацин, по што противпожарните екипи интервенирале на терен.

Украинските служби за итни интервенции продолжуваат со процена на штетите, додека жителите на погодените делови од градот биле повикани да ги следат безбедносните препораки и официјалните информации од надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања