Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Скандал е институционалниот пропуст, не тремата на кандидатот, вели Кекеновски за кандидатката која зборуваше за Ататурк а ја прашаа за Инстабулската конвеција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
media-libraryq8k5f0srg6rqeYADl7N

Професорот Јове Кекеновски остро ја критикуваше работата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, оценувајќи дека вистинскиот неуспех на јавниот распит за кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) не е кај кандидатката, туку кај самата Комисија.

Според Кекеновски, скандал не е тоа што кандидатката покажала трема или нервоза на јавниот распит, туку фактот што собраниската Комисија дозволила лице со очигледни празнини во знаењето да биде предложено за член на институција која треба да биде еден од клучните заштитници на човековите права и принципот на недискриминација.

— реклама —

Тој нагласува дека Комисијата за избори и именувања не смее да биде, како што вели, „гол преносник“ на партиски предлози, туку има јасна и суштинска филтер-улога. Таа, според него, мора да утврди дали кандидатите ги исполнуваат законските услови во однос на образование и искуство, дали поседуваат реално знаење за човекови права и недискриминација и дали имаат капацитет јавно да аргументираат, да толкуваат закони и да носат издржани одлуки.

Кекеновски потенцира дека дури и кога изборот е дел од политички договор, Комисијата има обврска да реагира и да побара нов предлог доколку кандидатот не ги исполнува основните стандарди. Во спротивно, предупредува тој, не станува збор за демократски избор, туку за директно поткопување на довербата во институциите.

— реклама —

„Во таков случај, Комисијата не врши избор, туку на најгруб начин ја инвалидизира институцијата што треба да ги штити граѓаните од дискриминација“, наведува Кекеновски, додавајќи дека ваквите постапки ја девалвираат улогата и кредибилитетот на КСЗД уште пред таа воопшто да почне да функционира.

Со прашањето „до кога со вакви неразумности“, професорот апелира до Собранието и надлежните комисии да покажат поголема одговорност и сериозност при изборот на кадри за независните институции, бидејќи, како што посочува, токму тие треба да бидат последната линија на заштита на граѓанските права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2usa516otu319IXcNE8

Собранието ја помина првата фаза за укинување на техничката влада со 67 гласови „за“

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Ќе има обид да се укине преодната техничка Влада, СДСМ алармира за „шверцерски“ закон

Македонија | пред 20 часа

media-library0b8c6746947deE9ySDv

Предлог-закон: Пратеник да може да има само македонско државјанство

Македонија | пред 1 ден

media-librarymqsd4segr0igbhf1sDO

Во Собранието презентирани извештаите на Транспортната заедница за 2025 година

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања