Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, власта на Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација на Агенцијата, рече Талески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
taleski

„Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е всушност претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е спротивно на Законот за АНБ кој јасно предвидува дека директорот на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или нејзин орган“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

„Целта на овие законски одредби е да се избегне злоупотребата на безбедносните служби за партиски цели, како што тоа се случуваше во минатото. Со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

— реклама —

Дури и да се има формално повлечено од партијата, фактот дека до неодамна извршувал висока партиска функција е јасен показател дека ова решение е чисто партиско, непрофесионално и спротивно на Законот и на меѓународните стандарди, особено оние на НАТО.

Мицкоски и ДПМНЕ го враќаат времето на директни злоупотреби на безбедносните служби во партиски цели.

Граѓаните многу добро знаат како злонамерно беа користени како класична политичка служба за прислшкување, следење, но и дискредитирање, уценување и малтретирање на политичките противници и сите други кои не им беа по волја на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

АНБ во изминатите години се реформираше и професионализираше, а со овој чин власта на Мицкоски врши сериозен удар и врз професионализмот и врз безбедноста.

Сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што спроведуваат опасна партизација, ги загрозуваат стандардите на професионализмот, туку ја доведува во прашање и безбедноста на државата.

Прашуваме и како Христовски воопшто ја поминал безбедносната проверка? СДСМ се противи на оваа политизација на безбедносните служби и бараме власта да го повлече ова незаконско назначување. Христовски треба да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ.

За ова СДСМ ќе ги извести нашите стратешки партнери, земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади и Европската комисија.

Мора да се заштити професионализмот и АНБ да биде во функција на заштита на државните интереси, а не на интересите на поединци и партиите на власта. Безбедноста на граѓаните и државата мора да биде над партиските игри и интереси!“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 9 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 11 час

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 14 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања