Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Со Тошковски на чело МВР е во хаос, бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад!, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

„Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и поредок. МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:

— реклама —

— реклама —
— реклама —

Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го покажа и каубојското аздисување на бодигардите на функционерите на власт.

Двајца полициски службеници, обезбедувачи на претседателката на државата лажно тврделе дека погрешни паркираното „порше“ на Срѓан Керим е службено.

Тие барале „поршето“ на Керим да не биде кренато од пајакот, тие поттикнале неказнивост.

Да не беше реакцијата на младите и овој случај ќе беше заташкан. Но по бурните реакции МВР беше принудена да поведе дисциплински постапки.

Но, факе е дека во последниве 9 месеци, како на лента се редат скандал по скандал со телохранители на највисоките државни функционери:

Од обезбедувањето на премиерот Мицкоски, едниот оддавал државни тајни другиот нападна полицаец попречувајќи акција против дрога.

Обезбедувањето на Гаши направи инцидент на скопскиот аеродром, извади пиштол, турна и нападна полицаец.

Сега обезбедувањето на претседателката вмешана во скандалот во Дебар Маало.

Ова не се изолирани инциденти – ова е системски распад на безбедносниот апарат! Полицајци кои треба да не чуваат – работат за интересите на криминалци, моќници и тајкуни.

На чело на сите нив е Панче Тошковски – како министер кој го дозволи овој распад во МВР.

Сите овие инциденти отвораат сериозни прашања за целосна нефункционалност за безбедносниот апарат, за можната поврзаност на луѓе од власта со криминални структури.

Нема ред и поредок, нема одговорност.

Вака не може! Одговорност мора да има и таа мора да започне со најодговорниот а тоа е министерот Панче Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 48 минути

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 5 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања