Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Состојбата на Онкологија е алармантна – нема лекови, реагенси и апарати, реагира СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryh8flhl2jsoov7RPULkV
YouTube Print Screen

Состојбата на Клиниката за онкологија е алармантно лоша – нема доволно лекови, реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење се расипани, предупреди денеска на прес-конференција Елена Радеска од Комисијата за здравство на СДСМ.

Таа посочи дека пациентите се доведени во животно загрозувачка состојба и се принудени сами да купуваат терапии од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи. Дополнителен проблем, според неа, е тоа што апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за сервис.

— реклама —

„Пациенти се одложуваат, животи се ставаат во ризик, а оправдувањата се сведуваат на тендерски процедури и дистрибутерски грешки,“ рече Радеска, нагласувајќи дека ова не е првпат да има недостаток на лекови и хаос во организацијата на клиниката.

— реклама —

СДСМ бара итна одговорност од министерот за здравство и од раководството на Клиниката, со порака дека институциите не смеат да се кријат зад бирократски процедури во момент кога пациентите бараат спас надвор од државата.

Партијата побара гаранција за континуирана достапност на сите неопходни лекови и реагенси, како и итно ставање во функција на апаратите за зрачење и брахитерапија, бидејќи, како што нагласи Радеска, секое одложување на терапијата значи изгубени човечки животи.

СДСМ најави дека ќе продолжи да ја алармира јавноста и да бара конкретни решенија, потенцирајќи дека хаосот во здравството мора да престане, а одговорноста да биде преземена веднаш.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања