Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Студент сакаше да го стопира Арбер Адеми од ДУИ да учествува на протестот за правосуден на албански

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Настани
media-librarylhlo6fp8899q6BZJ9Nx

Денес се одржа протест на студентите Албанци кои бараат можност за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Протестот се одржа пред Министерството за правда и беше поддржан од повеќе албански политички партии.

На протестот присуствуваше и Генералниот секретар на ДУИ, Арбр Адеми, кој дојде да ја искаже својата поддршка за студентските барања, но за време на настанот, еден од студентите се обиде да го спречи Адеми.

— реклама —
media-librarypkcovnf1s50l65T3T8D

(Видео) Без македонски знамиња, со транспаренти и скандирања се бара полагање на правосуден на албански јазик

Со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, граѓани денеска протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик.Учесниците носеа и политички пораки, меѓу кои „Охридскиот договор не се преговара повторно“ и „Законот за јазиците е јасен“, а дел од нив упатија и директни пораки до правосудните институции и Уставен суд на Република Македонија.„Не го допирајте Законот за јазиците!“, беше една од пораките на протестот, проследена со скандирања за одговорност и оставки.Барањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик, според важечката правна рамка, отвора и уставни дилеми, бидејќи за ваква промена би била потребна интервенција во Уставот.Во пресрет на протестот, премиерот Христијан Мицкоски ги повика студентите и учесниците да не дозволат, како што рече, „да бидат алатка во рацете на опозициска политичка партија“, додавајќи дека Владата веќе формирала група уставни експерти кои работат на изнаоѓање решение.Протестот помина со засилено полициско присуство, а сообраќајот во централното градско подрачје беше привремено пренасочен.

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryvrirp2415dn9bH9aytS

Министерството за правда: Протестот има политичка позадина и манипулација

Министерството за правда го потврдува правото на протест како фундаментално демократско право, но како што велат изразуваат загриженост за обиди за политичка манипулација на денешниот собир.„Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог.Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две децении директно учествуваа во креирањето на лошите состојбите во правосудниот систем.Особено загрижува улогата на одредена  опозициска партија, и нивното делување во контекст на актуелните протести .Ваквите постапки отвораат сомнежи за обид за јавна манипулација и инструментализација  преку поттикнување на чувствителни  прашања и очигледно користење на етничка реторика за остварување на краткорочни политички цели.Во тој контекст евидентно е и отсуството на користење на државни обележја  на денешниот протест што дополнително упатува на  демократскиот капацитет на организаторите и нивниот однос кон државата и уставниот поредок.Во однос на барањата поврзани со полагањето на правосудниот испит,Министерството за правда уште еднаш  потенцира и потврдува дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем.Министерството за правда останува отворено за конструктивен дијалог со сите засегнати страни и внимателно ги разгледува сите иницијативи и предлози, исклучиво во рамки на законските надлежности. Наш приоритет останува јакнењето на правниот поредок и воспоставување на фер, транспарентен и квалитетен систем на стручна евалуација, ослободен од политички влијанија.Нема да дозволиме никаква злоупотреба на Уставот и законите“, велат од Министерство за правда.

Македонија | пред 2 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3rgaolbpfusv7lx1j4z

Јазикот на правосудниот испит отвора нова политичка дебата - Мицкоски најави решение, Касами бара испит на албански јазик

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqjrm6bcq5pet0TY3wVG

„Македонија има еден службен јазик на целата територија, секој кој живее и работи треба да го знае“, велат од Македонски Концепт

Македонија | пред 2 седмици

jove-kekenovski

„Правото не е етнички договор“ – професорот Кекеновски за барањето правосуден да се полага на албански

Коментари | пред 2 седмици

media-librarysl086gl5dr5d2LaHLcD

Адвокатот Димитријевиќ до студентите кои протестираа: Ако задолжителен јазик во судските постапки е македонскиот, тогаш мора да се познава и користи

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања