Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Трамп најави одмазда за загинатите војници: „Ќе следи најтежок удар“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryssd7ekmc783idiTUlD3

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници загинати во судирите со Иран и најави дека се можни нови загуби.

— реклама —

„За жал, веројатно ќе има уште пред крајот. Така е тоа“, изјави Трамп во видео објавено на неговата социјална мрежа Трут соушл. „Америка ќе ја одмазди нивната смрт и ќе им нанесе најтежок удар на терористите кои ѝ објавија војна, во суштина, на цивилизацијата“, додаде тој.

— реклама —

Американската војска соопшти дека тројца војници загинале, а петмина се тешко ранети, што претставува први официјално потврдени жртви во рамки на операциите против Иран.

— реклама —

Трамп нагласи дека САД спроведуваат „масовна операција“, не само за да ја гарантираат безбедноста во сегашноста, туку и за идните генерации. „Тоа е должност и товар на слободниот народ“, изјави претседателот.

Американско-израелските напади врз Иран ги оцени како „исправни“ и „неопходни“ за елиминација на, како што рече, „крвожеден терористички режим вооружен со нуклеарно оружје“. „Борбените операции продолжуваат со полна сила и ќе продолжат сè додека не ги постигнеме сите наши цели“, порача тој.

Претседателот повторно упати повик до Револуционерна гарда на Иран и до иранската воена полиција да го положат оружјето и да добијат „целосен имунитет“, во спротивно, како што рече, ќе се соочат со сигурна смрт.

Во краткото обраќање, Трамп уште еднаш ги повика граѓаните на Иран да го соборат режимот, порачувајќи: „Америка е со вас.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 6 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања