Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Во одредени моменти бев на нишан“ – Жерновски за првпат тврди дека пред да стане градоначалник бил таргет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Студио
media-library7klm3v6064n5apuFfv0

Андреј Жерновски откри дека пред изборите на кои стана градоначалник на Центар бил изложен на сериозни притисоци и закани, а бил предупреден и дека може да бидат цел и тој и неговото семејство, вклучително и од разговор со претставничка на амбасадата на САД. Тој тврди дека по изборите добил дојава од луѓе во МВР дека во одредени моменти бил „на нишан“, но до денес не дознал кој стоел зад тоа. Наведе и дека семејството му било малтретирано и дека првпат јавно зборува за овие случувања.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ексградоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, откри дека во одредени моменти пред изборите каде беше избран за градоначалник на Центар, бил на нишан, за што, како што тврди, бил предупреден од луѓе од Министерството за внатрешни работи.

Говорејќи во „Претрес со Ландов“, Жерновски посочи дека уште тогаш бил свесен дека ќе се соочи со сериозни притисоци и закани.

— реклама —

„Мене ме повика една дама од амбасадата на САД на разговор... ми рече честитки за кандидатурата. Дали имате семејство? И кажав 'Да, жена и два сина'. Вика – 'спремни ли сте на се? Дали знаете дека можат да удрат на вас и на семејството?' И уште тогаш ми беше јасно што ќе се случува. Затоа не потклекнав, јасно ми беше што ќе се случува“, изјави Жерновски.

Тој додаде дека по завршувањето на изборите добил конкретна информација дека бил цел.

— реклама —

„И уште тоа, кога завршија изборите, добив дојава дека во дадени моменти на нишан сум бил“, рече Жерновски.

На прашање кој му ја пренел таа информација, тој одговори:

„Луѓе што се во МВР... тоа беше ужасно како притисок. Ова е прв пат, Ландов, ова е прв пат јас да зборувам за овие работи.“

Жерновски посочи дека до денес не дознал кој стоел зад тие закани.

„Допрва треба да дознаам... се откажав од тоа да испитувам, зашто ние бевме на власт, кој, како и зашто, кај ќе ме однесе тоа…“, изјави тој.

Во разговорот, Жерновски зборуваше и за други притисоци, вклучително и малтретирање на неговото семејство. Одговара и зошто по речиси десетина години решил да зборува дека станал мета кога го бирале за градоначалник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

Жерновски за поразот на Орбан: Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата

Коментари | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryfi1n8jrms6kg5rpzyqw

Жерновски: Мицкоски лаже за ЕУ и ја краде иднината на младите

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqt8qajrhl8uh1QIbJJB

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuj1a9v2o15sg9PL62hq

Жерновски: Оваа власт не сака во ЕУ, таму нема 5 тони дрога и 161 тендер за семејна фирма

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања