Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жерновски: Мицкоски лаже за ЕУ и ја краде иднината на младите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryfi1n8jrms6kg5rpzyqw

ленот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со своите политики ја оттурнува државата од Европската Унија и ја загрозува иднината на младите.

„Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски?“, изјави Жерновски.

— реклама —

Тој обвини дека премиерот давал нереални ветувања за враќање на името, за нова преговарачка рамка со Европската Унија и за уставни измени со одложено дејство.

„Лажеше дека ќе го врати името. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата“, рече Жерновски.

— реклама —

Според него, Мицкоски намерно ја води државата во изолација.

„Мицкоски не сака членство во Европската Унија и планира земјата и понатаму да ја држи во изолација. Неговата тактика гласи: грабеж одвнатре, изолација однадвор“, изјави Жерновски.

Тој додаде дека ваквата политика, како што рече, значи задржување на криминалот и недостиг на одговорност.

„Кога Мицкоски вели дека ќе чекаме со децении за влез во Европската Унија, тоа значи само едно – да продолжат криминалот и грабежот, а Македонија да остане во изолација“, рече Жерновски.

Жерновски истакна дека, според СДСМ, националниот интерес на државата е членството во Европската Унија и НАТО, додавајќи дека идентитетот е веќе заштитен.

„Ова е предавство на националните интереси“, порача Жерновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

Жерновски за поразот на Орбан: Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата

Коментари | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7klm3v6064n5apuFfv0

(Видео) „Во одредени моменти бев на нишан“ – Жерновски за првпат тврди дека пред да стане градоначалник бил таргет

Студио | пред 3 седмици

media-libraryqt8qajrhl8uh1QIbJJB

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuj1a9v2o15sg9PL62hq

Жерновски: Оваа власт не сака во ЕУ, таму нема 5 тони дрога и 161 тендер за семејна фирма

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања