Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryqt8qajrhl8uh1QIbJJB

Андреј Жерновски (СДСМ) ѝ порача на владејачката партија дека пред избори ветувала враќање на старото име и поништување на Преспанскиот договор, но две години на власт не презела ништо. Тој ги повика да покренат иницијатива во Собранието ако навистина го сакаат тоа, но да ѝ објаснат на јавноста и на ЕУ/НАТО дека земјата би излегла од НАТО и повторно би била БЈРМ/ФИРОМ. Ги обвини дека туркаат изолација и дека тоа им служи за тендери, враќање на Груевски и дејствување во интерес на Русија и Вучиќ.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Директна порака до владејачката партија:

Ветивте на народот враќање на името. Ветивте на народот дека ќе го поништите Преспанскиот договор. Нас нè обвинивте дека сме предавници. Но, еве веќе втора година сте на власт и никаков потег немате во тој правец, вели Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

— реклама —

„Зошто сега не го смените името? Зошто сега не го направите тој чекор? Излезете и покренете иницијатива во Собранието. Вие знаете тоа многу лесно да го направите, во еден ден – исто како што го сторивте со декретот за забрана на говор.

Но кажете ѝ тогаш и на меѓународната заедница, на Европската Унија и на НАТО и кажете му на народот, додека летаат ракети кон Европа, дека Македонија нема да биде во НАТО, дека нема кој да нè брани и дека ќе бидеме сами.

— реклама —

Кажете отворено дека повторно ќе бидеме БЈРМ, дека повторно ќе бидеме ФИРОМ. Ајде, de facto и de jure, меки ткива, мекотели.

Нели за тоа ја баравте довербата од граѓаните. Нели тоа ви беше главното ветување пред гласачите.

Продолжете до крај со изолацијата во која ја туркате земјата. Така многу полесно ќе можете да терате тендери, ќе си го заокружите целиот процес што сте го започнале.

Така полесно ќе можете да го вратите Груевски, кога веќе работите во тој правец.

Имате 58 пратеника, ги имате ЗНАМ, ги имате ВЛЕН, а богами, после лидерската средба ги имате и ДУИ ги имате, и Левица. Што ве спречува да го направите овој потег?

Се имате. Закажете Собрание, слободно закажете седница. На народот кажете му да купи прачки, па со тоа да ги гаѓа авионите и ракетите кои, недај Боже, би дошле во правец на Европа.

Тамам ќе добиете сигурно поддршка и од Русите и од Вучиќ, бидејќи и така и така работите во нивен интерес. Потоа, многу полесно ќе можете да криумчарите пет тони дрога – никој нема да ве спречи.

Ајде, патриоти. Ајде, комити. Зошто не го направите овој потег“, вели Жерновски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

Жерновски за поразот на Орбан: Прослава на улиците во Унгарија, крокодилски солзи во Белата барокна палата

Коментари | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryfi1n8jrms6kg5rpzyqw

Жерновски: Мицкоски лаже за ЕУ и ја краде иднината на младите

Македонија | пред 2 седмици

media-library7klm3v6064n5apuFfv0

(Видео) „Во одредени моменти бев на нишан“ – Жерновски за првпат тврди дека пред да стане градоначалник бил таргет

Студио | пред 3 седмици

media-libraryuj1a9v2o15sg9PL62hq

Жерновски: Оваа власт не сака во ЕУ, таму нема 5 тони дрога и 161 тендер за семејна фирма

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања