Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Затегната атмосфера во Белград: олицијата тврди дека протестантите се вооружени – активистите негираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-23.32.28

Во Нов Белград, полицијата побара од присутните граѓани да се повлечат, тврдејќи дека дел од демонстрантите се вооружени. Според N1 Србија, активистот и советник во општинското собрание на Нов Белград, Здравко Јанковиќ од Зелено-левиот фронт, разговарал со командантот на полициската бригада Драгослав Репац, кој му порачал дека собирот е незаконски бидејќи не е пријавен, а дека во толпата има наоружани лица.

— реклама —

„Ви издавам јасна наредба да ја напуштите оваа позиција или да се поместите на безбедно растојание, за да не дојде до судир со полицијата. Ако има напад врз полициски службеници или други граѓани, ќе реагираме согласно законот“, изјавил Репац, пренесуваат тамошните медиуми.

— реклама —

Јанковиќ одговорил дека присутните не се вооружени и дека само сакаат да се приклучат на другата група граѓани, но полицијата тоа не го дозволила.

— реклама —

Во меѓувреме, во улицата „Кнеза Милоша“ пристигнал дополнителен кордон, кој се позиционирал пред Владата на Србија. Полицијата се најде меѓу две групи демонстранти – едната која дошла од Нов Белград преку Газела и другата која веќе била во центарот. Зад полициските кордони застанале оклопни возила со вклучени ротации, а демонстрантите од страната на Газела поставиле контејнери на средината на улицата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ: Разговарав со Путин, добивме поевтин гас и го информирав за „сојузот меѓу Загреб, Приштина и Тирана“

Свет | пред 14 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Свет | пред 20 часа

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Свет | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања