Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Зеленски разговараше со Столтенберг во Њујорк за патот на Украина кон членство во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
zelenski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за потребата од зајакнување на украинската воздушна одбрана и за патот на Украина кон членство во Алијансата.

Зеленски на својот канал Телеграм објави дека на состанокот одржан на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, му се заблагодарил на Столтенберг за неговата поддршка на Украина за време на неговиот мандат како генерален секретар на Алијансата, како и за напорите за обединување на светот во помогне на Киев и зајакнување на армијата на Украина, пренесе Укринформ.

— реклама —

Украинскиот претседател изјави дека на средбата се разговарало и за фактот дека Украина треба што поскоро да добие покана за членство во НАТО, како и за важноста од навремено спроведување на сите договори од самитот на Алијансата одржан во јули во Вашингтон, т.е. дека земјите-членки ги исполнуваат своите обврски во врска со доделувањето на 40 милијарди евра за следната година.

За време на самитот на НАТО во Вашингтон, кој се одржа од 9 до 11 јули, лидерите на САД, Холандија, Германија, Италија и Романија најавија трансфер во Украина на пет стратешки системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, како и десетици тактички системи за противвоздушна одбрана.

— реклама —

Зеленски присуствува на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а денеска треба да се обрати пред учесниците на сесијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украина стравува од недостиг на американски системи ако продолжи војната со Иран

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Донбас станува „Дониленд“?; Зеленски: „Само да не биде Путинленд“

Свет | пред 13 часа

media-library4fivrrlqs37c9z0zFuJ

Зеленски: Нафтоводот Дружба е поправен и може да продолжи со работа

Свет | пред 1 ден

media-library0ste2oguq4gtdQTACnD

(Видео) Зеленски се сретна со шведскиот крал

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања