Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео+документи) Дали има нов скандал во министерството на Андоновски – тендер добиле родители на негов вработен?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-17-at-08.50.54

„По објавувањето на скандалот за судир на интереси во Министерството на Стефан Андоновски, каде тендер доби сопругот на Државната секретарка, ДКСК отвори предмет“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:

— реклама —

Граѓаните сеуште чекаат да постапи Јавното обвинителство за случајот, за истиот да добие разрешница.

— реклама —

Додека целата јавност беше во тага и болка за несреќата во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе а речиси 200 беа повредени, на само три дена по трагичниот настан Андоновски побара извинување од СДСМ.

Шокантно е што барањето за извинување пристигна на 19 март на самиот ден на погребот на загинатите од несреќата кога целата нацијата беше во шок.

Тоа го покажува степенот на загриженоста на министерот за трагичниот настан.

СДСМ е одговорна партија која се бори секогаш да излезе вистината на виделина, и да зборува во насока на заштита на јавниот интерес пред се!

Токму затоа, наместо извинување До Министерот Андоновски, денес ќе објавиме индиции за уште еден скандал.

Се работи за тендер од 600.000 денари за набавка на систем за контрола на пристап, добиен од фирмата „БОКИ СИМПЛ ТЕК СОЛУШНС“ ДОО Скопје.

Според информации од свиркачи кои ги добивме, сопственици на оваа фирма се родителите на Борче Младеновски, инаку вработен во ИТ секторот на истото министерство.

Го повикуваме Андоновски да излезе и да одговори дали е ова точно?

Дали тендерот тежок 600.000 денари завршил кај родителите на вработен во министерството?

Индикативен е називот на меилот кој правното лице го има дадено во доставената документација за контакт со министерството кој гласи borce002@gmail.com

СДСМ се обиде го најде список на вработени во Министерството за дигитална трансформација, но на сајтот на министерството тој податок не е достапен, таму стои дека сеуште тој документ е во изработка.

Дали на повидок е уште еден скандал на непотизам и конфликт на интереси во министерството на Андоновски?

Селективноста и селективната правда е потребна за сите други случаи на власта кои ги прави, а не само за трагедијата во Кочани.

Институциите не смеат да молчат за тендерските мрежи на ДПМНЕ бидејќи станува збор за пари на граѓаните.

Одговорност мора да има!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 14 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 18 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања