Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Влада: Подобрување на здравствениот систем за 100 дена, вработување 600 специјализанти, набавена апаратура и реновирано одделение на Дигестивна хирургија, нов апарат за Магнетна резонанца, проширена п...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
aparat-magnetna-idadija-2

„Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова Магнетна резонанца во Поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лекови“, велат од Владата.

— реклама —

„За 100 дена Влада се укинаа постоењето 1000 економските директори и со тоа се става крај на дуализмот во здравствениот систем. Со ова прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите, а ќе се заштедат и финансиски средства. Здравствените установи имаат само медицински директори кои ќе управуваат со здравствените установи.

— реклама —

Вработување на 600 специјализанти во јавните здравствени установи во дефицитарните области ќе се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на година, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори, а ги решаваме и проблемите со гужвите по здравствените установи и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.

— реклама —

Конечно после деценија, новата влада во првите 100 дена донесе одлука за проширување на позитивната листа со 9 генерици или 87 лекови , во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.

Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните.

Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија со нови кревети, плакари, врати и осветлување. А се набави и апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од 1.000.000 евра.

Дополнително, во Поликлиника Идадија во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за Магнетна резонанца во вредност о 1.300.000 евра, кој од медицински аспект претставува врв во дијагностиката кој дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, која употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката“, се наведува во соопштението на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 18 часа

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања