Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Владата го усвои Националниот план за справување со масовни жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Министерството за здравство изработи национален план за справување со масовни жртви (природни катастрофи, несреќи, индустриски инциденти, пожари), поттикнат и од трагедијата во Кочани. Планот поставува стандарди за координација, тријажа, транспорт и згрижување. Усвоен е од Владата, со поддршка на СЗО и усогласен со НАТО препораки и меѓународни здравствени регулативи. Цели: намалување смртност, побрз одговор, поголема готовност, обуки и симулации, и рационална распределба на ресурси, со вклучени бројни институции и партнери.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за здравство, во соработка со повеќе надлежни институции подготви национален план за справување со масовни жртви, со цел справување со зголемени ризици од настани кои може да резултираат со масовни жртви - природни катастрофи, сообраќајни несреќи, индустриски инциденти, пожари и други вонредни ситуации. Особено по трагичниот настан во Кочани, евидентно е дека е неопходно изработка на сеопфатен план кој поставува институционални стандарди во координација, тријажа, транспорт и згрижување на повредените лица.

— реклама —

Овој план, кој беше усвоен на денешната седница на Владата по предлог на Министерството за здравство, подготвен е со поддршка на Светската здравствена организација, а истиот е усогласен со препораките на НАТО и стандардите на меѓународните здравствени регулативи. Со усвојувањето на овој план се овозможува намалување на смртноста и зголемување на преживувањето при масовни инциденти, унапредување на координацијата меѓу институциите и побрз одговор, подигнување на оперативната готовност на здравствените установи, развој на систем за обука, симулациски вежби и континуирано усовршување, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

— реклама —

Воедно, целта на планот е да обезбеди оперативни протоколи за стратегиско, болничко и предболничко ниво, рационално користење и распределба на човечките и материјалните ресурси, односно национално усогласена рамка за координирано постапување при настани со масовни жртви.

— реклама —

Во процесот на изработка на националниот план за справување со масовни жртви, Министерството за здравство воспостави мултисекторски и мултидисциплинарен пристап, кој овозможи стручна, институционална и меѓуресорска координација, а беа вклучени Институтот за јавно здравје, службата за итна медицинска помош, ургентните центри, Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, медицинските факултети, како и меѓународни партнери и експерти од СЗО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Македонија | пред 11 час

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Македонија | пред 1 ден

media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V

Нема да им се забрани на странците да точат евтино гориво во Македонија, рече Мицкоски, иако има наплив

Македонија | пред 1 седмица

market-pari

Поскапени се јајцата и маслото за јадење, кај другите производи нема значајни разлики, вели Мицкоски кој најави мерки ако бидат потребни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања