Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Владата организира нов лет за евакуација на македонски граѓани од Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryb3mggtuiiv8i9NvHBEJ

Се организира нов евакуациски лет за македонски граѓани од Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија. Авионот ќе полета од Ријад, а поради немање директен воздушен договор, ќе слета во Приштина, од каде патниците со автобуси ќе бидат пренесени до Скопје. Пријавени се 153 патници (9 од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт), а трошоците ги покрива Владата преку МНР. Министерот Тимчо Муцунски најави дека евакуациите се координирани и се очекува да завршат до крајот на неделата. Вчера во Скопје пристигна втора група од 150 патници од Дубаи, меѓу кои 125 македонски државјани; во ОАЕ има околу 200 македонски државјани кои засега не побарале евакуација.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во тек е организирање на нов лет за евакуација на македонски граѓани од Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија. Авионот е предвидено да полета од Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а поради тоа што не постои директен воздушен договор со арапските власти, слетувањето ќе биде на аеродромот во Приштина, од каде патниците со автобуси ќе бидат пренесени до Скопје.

— реклама —

До овој момент се пријавени вкупно 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 9 се од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт. Напоменуваме дека целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија“, информираат од МНР.

— реклама —

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски претходно изјави дека евакуацијата на македонските државјани од повеќе земји во регионот се спроведува координирано и дека се очекува процесот да заврши до крајот на неделата.

Вчера на Меѓународниот аеродром Скопје пристигна втората група македонски граѓани кои безбедно полетаа од Дубаи и ја напуштија територијата на Обединетите Арапски Емирати.

— реклама —

Станува збор за вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора.

Според податоците на Министерството, во Обединетите Арапски Емирати во моментов се наоѓаат околу 200 македонски државјани, но тие засега не побарале евакуација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 9 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 9 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања